Дома Фудбал Трабзонспор прави моќен тандем – по Салах, пристигна уште еден поранешен ас на Ливерпул

Трабзонспор прави моќен тандем – по Салах, пристигна уште еден поранешен ас на Ливерпул

Трабзонспор продолжува да привлекува големи имиња, па по Мохамед Салах во клубот пристигна уште еден поранешен фудбалер на Ливерпул – Фабињо.

Бразилецот доаѓа во турскиот клуб како слободен играч, откако му истече договорот со саудискиот Ал-Итихад.

Трабзон потврди трансферот со објавување на фотографии на Фабињо во клубскиот дрес од приватен авион, а искусниот плејмејкер во меѓувреме пристигна во Трабзон.

“Во Трабзон ме чека добро познато лице”, порача Фабињо, алудирајќи на Салах.

Тие двајца заедно го носеа дресот на Ливерпул и беа дел од тимот кој во 2019 година ја освои Лигата на шампионите, а една година подоцна и титулата шампион на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ванкувер без Милер против Лос Анџелес ФК

Ванкувер Вајткепс ќе се соочат со Лос Анџелес ФК без повредениот Томас Милер, што ќе биде …