Дома Останати Кошарка Голем гаф на РТС: За Милојевиќ информираа со погрешна фотографија 🎥

Голем гаф на РТС: За Милојевиќ информираа со погрешна фотографија 🎥

Српскиот кошаркарски тренер, Дејан Милојевиќ почина вчера како последица од срцев удар на 46-годишна возраст.

Како што е познато тој добил срцев удар, а по неколку часовна борба докторите во болницата во Солт Лејк Сити каде што неговиот Голден Стејт требаше да игра против Јута не успеаа да го спасат.

Во моментите додека Милојевиќ се бореше за својот живот српската телевизија РТС 1 направи голем гаф при објавата во вестите кои се емитуваа во 12:00 часот.

Имено, додека спикерот ја соопштуваше веста за состојбата на Милојевиќ во позадина место слика од него одеше фотографија од фудбалскиот тренер на Црвена Звезда со исто презиме, Владан Милојевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…