За поранешниот италијански репрезентативец Фабио Кваљарела годините се само број.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кваљарела во дресот на Сампдорија проживува втора младост. Минатата сезона на 36 години беше најдобар стрелец во Серија А, а од негово заминување во пензија нема да има ништо и следното лето.
Годините се само број кога е неговиот квалитет во прашање, а водејќи се по тоа претседателот Масимо Фереро на искусниот напаѓач му го обнови договорот до летото 2021 година. Кваљарела за клубот од Џенова ќе игра до својата 38. година.
Кваљарела е на 20.место на листата на вечни стрелци во Серија А, а низ кариерата настапуваше за Удинезе, Наполи, Јувентус, Торино, Асколи…