Дома Фудбал Останато Германскиот репрезентативец признава: Поради тероризмот размислував да го напуштам фудбалот

Германскиот репрезентативец признава: Поради тероризмот размислував да го напуштам фудбалот

0
ginter

Фудбалерот на Борусија Дортмунд и репрезентативецот на Германија беше дел од натпреварот помеѓу Германија и Франција од пред две години кога пред стадионот во Париз во терористички напад животот го загубија 130 лица.

Матијас Гинтер е навистина фудбалер кој нема среќа кога во прашање се терористичките напади. Покрај споменатата ситуација тој беше дел од составот кога натпреварот против Холандија мораше да биде откажан бидејќи на стадионот во Хановер беше планиран терористички напад.

Исто така во април оваа година беше во авотбусот на Борусија Дортмунд кога пред натпреварот против Монако експлодираше бомба.

„Седев во мојот дом и сфатив всушност во колкав шок сум. Помислив дека можеби најдобро решение е да го напуштам фудбалот. За оваа опција размислував неколку дена“, зборуваше 23 годишниот Германец кој на крајот заклучи:

„Одлучив дека нема да си дозволам себе си да се откажам од она што најмногу го сакам, а тоа е фудбалот. Повеќе не се чуствувам 100% кога ќе излезам од мојот дом, но свесен сум дека не можам да се затворам“, истакна Гинтер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Останато

Проверете

Марадона се обрати и откри кога последен пат конзумирал дрога

Диего Армандо Марадона им се обрати на своите фанови преку својот Фејсбук профил. Според м…