Дома Трансфер зона Гвардиола потроши половина милијарда на одбрана и сака уште

Гвардиола потроши половина милијарда на одбрана и сака уште

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откако пристигна на „Етихад“ потроши 500 милиони евра за засилување на одбраната, но тоа не е доволно.

После високиот пораз од Лестер, каталонскиот стратег тргна во реконструкција на одбраната и веднаш го доведе Рубен Дијаз од Бенфика за 68 милиони евра.

Англиските медиуми тврдат дека наскоро може да пристигне и лев бек, а прва мета е играчот на Ајакс, Николас Таљафико.

Ајакс е спремен да го пушти аргентинскиот дефанзивец и за неговата слобода бара помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Гвардиола на таа позиција го има само Бенџамин Менди и сака што поскоро да го комплетира трансферот на Таљафико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвезда на Спортинг

Европските гиганти се заинтересиран за дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш, прен…