Дома Фудбал Останато Гвардиола: Кога ќе работам во Италија сакам Баџо да ми биде помошник

Гвардиола: Кога ќе работам во Италија сакам Баџо да ми биде помошник

Tренерот на Сити, Пеп Гвардиола имаше интервју за „Кориере дело Спорт“ во кое помеѓу останатото зборуваше и за својата кариера во Бреша.

Бреша за Гвардиола беше последен европски клуб во играчката кариера пред да премине во Ал-Ахли и Дорадос каде што ја заврши кариерата. Гвардиола во Бреша дојде во 2001 година и се задржа до 2003. Во Бреша играше со големиот Роберто Баџо.

„Кројф секогаш го фалеше. Сакаше да го види во шпанската лига, го интересираше како ќе се прилагоди на шпанскиот фудбал. Баџо во тие години можеше да игра каде сака, но никој не можеше да го убеди да ја напушти Италија. Во Италија беа сите најдобри играчи, а оние кои не беа сакаа да одат таму. Кога ме контактираа луѓето од Бреша не ми требаше многу време дао длучам. Кога Баџо беше таму се знаеше дека плановите им се големи. Баџо беше ѕвезда, но сите околу себе ги третираше еднакво, од претседателот до хигиеничарот“.

Денес Баџо живее далеку од фудбалот и во едно интервју неодамна порача дека денешниот фудбал воопшто не го интересира.

„Баџо ужива во својот внатрешен мир со семејството, го прават среќен мали работи. Кога ќе дојдам да работам во Италија ќе се обидам да го убедам да ми биде помошник, но знам дека ќе биде тешко“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повеќе нема дилеми, Роналдо останува во Јувентус

Иднината на Кристиано Роналдо беше предмет на шпекулации и многу медиуми тврдеа дека може …