Дома Фудбал Англија Гвардиола: Како сите да сакаат да исчезнеме од светот

Гвардиола: Како сите да сакаат да исчезнеме од светот

Во Англија започна судењето против Манчестер Сити кој е обвинет за 115 прекршоци, а како најцрно сценарио за „граѓаните“ се споменува исфрлање од Премиер лигата.

Голем дел од јавноста смета дека англискиот шампион треба да ја добие највисоката казна и да биде исфрлен во понизок ранг доколку се потврди дека го прекршувале финансискиот фер-плеј.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На оваа тема на прашања пред новинарите повторно одговараше тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

„Можеби некогаш сум арогантен на оваа тема, но сакам да го бранам мојот тим, посебно во овој период. Изгледа како сите да сакаат не само да испаднеме, туку и да исчезнеме од светот“, изјави Гвардиола.

Денеска од 17:30 часот Манчестер Сити го очекува дербито во Премиер лигата против Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за навивачите: Фенербахче тоне во долгови од на пола милијарда!

Спортското друштво Фенербахче од Истанбул е во сериозни финансиски потешкотии, бидејќи вку…