Дома Топ вести Гвардиола активира „бомба“: Најголем трансфер на сите времиња

Гвардиола активира „бомба“: Најголем трансфер на сите времиња

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака во своите редови да го донесе најскапиот фудбалер на светот, Нејмар и е спремен во понудата да го вклучи и Рахим Стерлинг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Оваа вест денес ја пренесе „Дон Балон“, кој тврди дека Гвардиола сака да го донесе Бразилецот на „Етихад“ за да ги зголеми шансите за триумф во Лигата на шампиони.

26-годишниот Бразилец не е среќен на „Паркот на принцовите“ и најверојатно на лето ќе ја промени средината, а покрај Реал Мадрид и Барселона, сега и Манчестер Сити се вклучи во трката за неговиот потпис.

Реал Мадрид има поголема финансиска моќ и престиж, но Гвардиола има „џокер“, а тоа е Рахим Стерлинг. Имено, Сити е спремен во понудата за Нејмар да го вклучи и Англичанецот, за кого ПСЖ веќе подолго време покажува интерес.

Битката за потписот на Нејмар започна, а следното лето Бразилецот со сигурност ќе биде најжешка трансфер тема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…