Дома Фудбал Италија Гатусо: Срамота, не знам што да кажам друго

Гатусо: Срамота, не знам што да кажам друго

Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо не е задоволен од натпреварот против Каљари.

Милан синоќа во 4. коло од Серија А ремизираше на гостувањето кај Каљари (1:1). Гонзало Игуаин во продолжението успеа да погоди, а домаќините имаа комплетна доминација во првите 30 минути.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Беше срамота она што го прикажавме во првите 20 минути. Да беше 2:0, тешко дека ќе успеавме да се вратиме. Имавме и добри периоди во натпреварот, но тие 20 минути беше катастрофа.“ – изјави Гатусо после натпреварот и додаде:

„Долг е патот до крајот на сезоната. Ако од ова можеме нешто да научиме, можеме нешто добро да направиме оваа сезона. Ако сакаш да бидеш кандидат за титула, не може вака да се однесуваш, а тоа ни се случи и претходната сезона.“

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вакво нешто не се памети: Доби два жолти картони и остана во игра

Фудбалската јавност остана изненадена по настаните на “Вембли”, каде фудбалеро…