Екипата на Хајдук со 4:1 славеше против Горица на „Пољуд“ и така стигна до четвртата победа во низа со која се искачи на врвот на табелата.
Избраниците на Џенаро Гатузо одиграа одлично пред својата публика, а посебно се истакна 16-годишниот Бруно Дурдов.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Младиот фудбалер постигна два прекрасни погодоци, но и стана најмладиот стрелец во историјата на гигантот од Сплит.
Според најавите на хрватските медиуми се очекува Дурдов во иднина да добие поголема улога во тимот на Гатузо.