Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Гана ја победи Кореја во трилер натпревар

Гана ја победи Кореја во трилер натпревар

Репрезентациите на Гана и Јужна Кореа одиграа фантастичен натпревар со пет гола, кој на крајот и припадна на африканската селекција.

И покрај фактот што Корејците подобро го отворија мечот во првите дваесетина минути, сепак Гана стигна до голема предност до полувремето.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Мохамед Салису во 25-та погоди за водство, а Мохамад Кудус десет минути потоа го зголеми водството на 2:0.

Меѓутоа Корејците не се предадоа, па тргнаа фуриозно во вториот дел и само за две минути дојдоа до израмнување. Чо Сунг постигна два брзи гола во 58-та и 61-та минута и ја врати Кореа во натпреварот.

Меѓутоа, десет минути подоцна напаѓачот на Ајакс, Кудус повторно ја доведе Гана во водство.

До крајот Корејците се обидуваа да дојдат до израмнување и создадоа неколку големи шанси, но не успеаа да постигнат гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …