Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ: Разочаран сум од начинот на кој го изгубивме натпреварот

Вујовиќ: Разочаран сум од начинот на кој го изгубивме натпреварот

Вардар денес го претрпе петтиот пораз во низа во Лигата на шампионите откако ПИК Сегед во Скопје славеше со 27:30.

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ беше разочаран од начинот на кој Вардар го изгуби натпреварот.

„Честитки до ПИК Сегед на заслужената победаа. Многу сум разочаран, не од резултатот, туку од начинот на кој го изгубивме натпреварот. Правевме почетнички грешки во нападот на почетокот и тоа тие го искористија, понатаму само добро ја одржуваа таа предност. ПИК Сегед е еден изграден тим, тренерот Пастор тука е 8-9 години јас сум пет месеци, тешко оди создвањето на екипата. Тие во овој момент се подобра екипа од нас“.

Целта на Вардар и понатаму е да се помине групата.

„Кажав на почетокот кога забележвме неколку победи дека ќе дојдат тешки времиња кога ќе треба да покажеме карактер. Сега се тие времиња и се надеваме на подобра игра и резултати во наредните натпревари. Нашата цел од почетокот на сезоната беше да ја поминеме групата и се уште целиме кон тоа“, изјави Вујовиќ.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вујовиќ: Ситуацијата станува депресивна, цело време сме блиску, но на крајот губиме!

Стратегот на Вардар, Веселин Вујовиќ зборуваше пред медиумите после поразот на Вардар од К…