Дома Фудбал ФФМ ги објави суспензиите по дербито Вардар – Шкендија: Торес пет, Мељичи три меча!

ФФМ ги објави суспензиите по дербито Вардар – Шкендија: Торес пет, Мељичи три меча!

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за санкциите по случувањата кои следеа по дербито меѓу Вардар и Шкендија во второто коло од Првата македонска лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Највисока казна доби фудбалерот на Вардар, Јоакин Торес, кој поради инцидентот ќе мора да паузира на следните пет натпревари.

Од другата страна, играчот на Шкендија, Анес Мељичи, е суспендиран на три натпревари.

„Торес Јоакин Едуардо, фудбалер на ФК Вардар, се казнува со забрана за настап на 5 натпревари, поради добиен црвен картон на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија. Анес Мељичи, фудбалер на ФК Шкендија, се казнува со забрана за настап на 3 натпревари, поради добиен втор жолт, односно црвен картон, на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија. „ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 1.000 евра, поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група „Комити“ на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија“, соопшти ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Илчо Ѓорѓиоски пуштен од притвор со гаранција од пола милион евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, ќе …