Дома Фудбал Останато Вртоглав скок: Влезниците за натпреварите на Интер Мајами поскапеа за 16 пати!

Вртоглав скок: Влезниците за натпреварите на Интер Мајами поскапеа за 16 пати!

Капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами, а веднаш по потврдата американскиот клуб веќе започна да го чувствува ефектот од пристигнувањето на Аргентинецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На социјалните мрежи клубот од Флорида за рок од неколку час доби повеќе од еден милион следбеници.

Меси имаше неверојатна финансиска понуда од Саудиска Арабија, но сепак се одлучи за преселба во МЛС. Се уште не е познато колку Аргентинецот ќе заработува, меѓутоа се знае дека договорот е потпишан на три години со опција да може да се прекине на крајот на секоја сезона.

Голема улога во доведувањето на Меси одиграа „Адидас“ и „Епл“ две компании со кои Меси има спонзорски договори. По потврдата на трансферот беше забележан и неверојатен скок на цената на влезниците на клубот која пораснала за околу 16 пати – од 29 на 467 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најголеми аплаузи за Нејмар. Плачеше по натпреварот

Настапот на бразилската “десетка” во второто полувреме од мечот против Шкотска…