Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ: Беса славеше против Победа и како лидер замина на зимска пауза

ВМФЛ: Беса славеше против Победа и како лидер замина на зимска пауза

Со победата против прилепска победа од 3:1 Беса 1976 остана на лидерската позиција во Втората лига додека Пелистер ја заврши годината со триумф против Осогово.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се држеше Победа во првото полувреме кое заврши 1:1, но во вториот дел прими два гола и загуби со 1:3.

Осогово преку Паунов успеа да поведе со Пелистер, но потоа Симеон Христов и Спиркоски обезбедија победа за битолскиот состав.

Годината со победа ја заврши и Детонит кој со минимални 1:0 го совлада Караорман.

На табелата Беса е лидер со 40 бодови, додека Детонит е втор со 35, а Пелистер има 30 бодови во топ-3. Зад нив се Арсими и Охрид со по 23 бодови.

Арсими – Беласица 2-1
Скопје – Новаци 2-1
Кожув – Охрид 2-0
Тетекс – Башкими 0-0
Вардар Неготино – Каменица Саса 1-0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…