Саудиските клубови успеаа да доведат голем број познати имиња од европскиот фудбал, а сега спремаат „луда“ понуда за ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор.
Винисиус е веќе денови во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако не доби „Златна топка“, поради што во Реал Мадрид го бојкотираа доделувањето на наградата што се одржала во Париз.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми објавија пред неколку дена дека Винисиус Жуниорr одбил понуда од Реал Мадрид за продолжување на договорот, па може кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Министерството за спорт на Саудиска Арабија и на 24-годишниот фудбалер му понудиле да се пресели во некој од најголемите клубови и да биде заштитно лице на Светското првенство во 2034 година.
Станува збор за понуда тешка неверојатни 1милијарда евра, која Винисиус не ја одбил и му го соопштил тоа на Флорентино Перез.