Дома Фудбал Италија Виери: Бобан има му*а! Кој е воопшто тој Газидис?

Виери: Бобан има му*а! Кој е воопшто тој Газидис?

Кристијан Виери даде свое мислење на хаосот во италијанскиот гигант и истакна дека тој не „кукла на конец и дека може на секој да му каже што мисли“.

Италијанските медиуми на големо пишуваат дека Звонимир Бобан ќе го напушти клубот, заедно со него и Паоло Малдини. Причината за заминувањето на Хрватот и италијанската легенда е конфликтот со Иван Газидис.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Виери застана во одбрана на Бобан и смета дека тој е во право.

„Бобан постапи како што треба. Газидис разговарал со друг тренер како тоа да е негова работа. Кој е воопшто тој Газидис? Што прави тој во Милан? Бобан и Малдини требаше да ја имаат таа улога. Бобан не можеше да го прифати тоа. Мораш да имаш му*а во животот, Бобан е таков, тој е човек кој се ќе ти каже во лице“, изјави Виери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…