Рома го декласираше Челзи на „Олимпико“, Карабаг направи чудо во Мадрид, Јуве се спаси во Лисабон, останатите ја оправдаа фаворитската улога.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во дербито на 4-то коло од ЛШ екипата на Рома убедливо го победи Челзи со 3:0 и се искачи на првото место во групата. Херој за „волчицата“ беше Ел Шарави кој постигна два гола, а конечниот резултат го постави Пероти.
Карабаг го направи најголемото изненадување и успеа да остане непоразен против Атлетико во Мадрид. Гостите поведоа со голот на Мичел, а во 56-та минута Томас го донесе резултатот во егал.
Иако „јорганџиите“ во второто полувреме играа со играч повеќе сепак не успеаа да победат и сега шансите за пласман во следната фаза се само теоретски.
Јувентус успеа во завршните минути да дојде до важен бод против Спортинг Лисабон (1:1). Домаќините поведоа преку Цезар во 20-та минута, а Игуаин успеа да израмни во 80-та минута. Нашиот репрезентативец Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар.
Во другиот натпревар од Групата Д, Барселона не успеа да победи во Грција и одигра реми без голови против Олимпијакос.
Манчестер Јунајтед и Баерн рутински стигнаа до трите бода против Бенфика односно Селтик, додека ПСЖ со „петарда“ го испрати дома Андерлехт.