Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Објавена кратката листа на кандидати за играч на сезоната во Премиер лигата

ВИДЕО: Објавена кратката листа на кандидати за играч на сезоната во Премиер лигата

Здружението на професионални фудбалери на Англија по 46. пат ќе го избере најдобриот фудбалер во сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Здружението на професионални фудбалери (ПФА) ќе ја додели наградата за најдобар фудбалер во сезоната на 28. април, а на кратката листа за престижната награда се наоѓаат шестмина играчи. Петмина номинирани доаѓаат од двата клуба кои се борат за титулата, Ливерпул и Манчестер Сити, додека тука е и играчот на Челзи, Еден Азар.

Кога станува збор за Ливерпул, номинација за играч на годината добија одличниот стопер Виргил Ван Дајк и крилниот напаѓач, Садио Мане. На листата се и тројца фудбалери на Манчестер Сити и тоа Бернандо Силва, Рахим Стерлинг и Серхио Агуеро.

Доколку можеме да веруваме на англиските медиуми, фаворити за престижната награда се Виргил Ван Дајк и Рахим Стерлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона со план да го доведе Кејн

Барселона стапи во контакт со претставниците на Хари Кејн со цел да ги испита можностите з…