Јунајтед го победи Сити во манчестерското дерби, кое се одигра во рамките на осминафиналето во Лига купот. Покрај Манчестер Јунајтед четвртфинале изборија Вест Хем, кој славеше над Челзи (2:1) и Саутемптон со минималната победа над Сандерленд.
Мурињо и Гвардиола започнаа со комбинирани состави со тоа што Јунајтед имаше за нијанса посилен почетен состав.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот дел мина во тактичко надмудрување, со нешто подобра игра на Манчестер Јунајтед. Мечот го реши во раната фаза на вториот дел Мата, Ибрахимовиќ мина по левата страна упати центаршут по земја, во петерецот Ерера собори еден од противничките дефанзивци, судијата Дин оцени дека немало прекршок, а Мата го совлада Кабаљеро.
Јунајтед неколку минути пред водечкиот гол имаше добра шанса, но ударот на Погба заврши во дирекот.
Сити во останатиот дел од натпреварот не успеа да се закани, а поразително за Гвардиола ќе делува податокот дека неговите играчи за 90 минути не упатија ниту еден директен удар кон голот на Де Геа.