Вечерва се одиграа и последните натпревари во групната фаза во дел од групите.
Ситуацијата пред денешните натпревари беше таква што поголемиот дел од работите беа познати и пред почетокот на средбите, во врска со пласманот во следната фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн Минхен го совлада ПСЖ со 3:1. Роберт Левандовски уште во осмата го отвори резултат. На нешто помалце од десетина минути до крајот на средбата Толисо го искористи одличниот центаршут на Родригез и зголеми на 2:0.
На стартот на вториот дел Килијан Мбапе по одличната асистенција од Кавани успеа да намали на 2:1. До крајот на средбата Толисо го постигна и вториот погодок за конечни 3:1.
Челзи и Атлетико Мадрид одиграа реми 1:1. Очекувано овие два тима одиграа натпревар со малку погодоци. „Јоргнаџиите“ беа тие кои први стигнаа до предност и тоа преку Саул Нигез во 56 минута од средбата. За изедначување се „погрижи“ Стефан Савиќ кој во 75 минута од средбата сопствената мрежа за конечни 1:1.
Во останатите натпревари Рома со 1:0 го совлада Карабах, Барселона со 2:0 славеше победа над Спортинг, Андерлехт минимално со 0:1 го совлада Селтик, Базел со победа од 2:0 се врати од гостувањето во Португалија против Бенфика, како и Јувентус против Олимпијкос додека Јунајтед со 2:1 ја совлада ЦСКА.
Пласман во следната фаза обезбедија: Манчестер Јунајтед, Базел, ПСЖ, Баерн Минхен, Рома, Челзи, Барселона и Јувентус.