Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ќе го предводи Дерби како привремен тренер додека управата не пронајде нов човек за таа позиција.
Легендарниот англиски фудбалер на пресот изјави дека веќе некое време размислува за премин во тренерските води, но нагласи дека нема да го коипира Алекс Фергусон иако под негово водство одигра најмногу натпревари во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот капитен на Англија ќе го предводи Дерби на натпреварот против Бристол во неделата откако отказ доби Филип Коку.
„Работев со добри и можебе најдобрите тренери на сите времиња.“ – изјави Руни на своето претставување.
„Не можам да кажам дека ќе работам како Алекс Фергусон. Мора да работите со играчите кои ги имате на располагање. Но постојат работи кои можеш да ги преземеш од други тренери. Амбициозен сум, сакам да влезам во тренерскиот свет.“ – додаде Руни.