Дома Фудбал Италија Вајналдум ги мина лекарските прегледи во Рома

Вајналдум ги мина лекарските прегледи во Рома

Новото засилување на Рома, Жоржињо Вајналдум денеска беше на медицински преглед на клиника во Рим.

 31-годишниот Холанѓанец вчера пристигна на аеродромот Чампино и беше пречекан во еуфорија од навивачите на Рома.

Вајналдум ќе игра за Рома како позајмен од Пари Сен Жермен на една сезона со опција за откуп следното лето за 8 милиони евра.

Рома ќе преземе половина од платата на играчот која изнесува 9 милиони евра, додека остатокот ќе го плаќа ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …