Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар и без „Комити“ го победи Кожув!

Вардар и без „Комити“ го победи Кожув!


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Вардар и без поддршка од навивачите победи денес на стадионот „Борис Трајковски“ против Кожув со 2:0. Со овој триумф барем до утре Вардар ќе биде лидер на табелата.

Победата на Вардар ја најави Дарко Мицевски со голот во 20. минута од натпреварот. Во 50. минута црвено-црните останаа и без Христов кој заработи исклучување. Сепак и во таква ситуација до крајот на натпреварот Вардар постигна уште еден гол, а тој беше дел она Кире Маркоски.

Сосема заслужено Вардар дојде до трите бода, Кожув во финишот се обиде да се наметне, меѓутоа погодок во мрежата на Гачевски немаше. За двете екипи ова беше последен натпревар во есенскиот дел од сезоната и последен за оваа 2022.

Останатите средби од 15. коло во Втората лига се играат утре во стандардниот термин од 13:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Јувентус го раскинува договорот со Погба!?

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Италијанскиот гигант Јувентус сериозно разми…