Дома Фудбал Флик доби понуда од Барселона за нов договор, веднаш им ја соопшти својата одлука

Флик доби понуда од Барселона за нов договор, веднаш им ја соопшти својата одлука

Во последно време навивачите на Барселона најмногу се прашуваа што ќе се случи со Ханси Флик и понудата за нов договор која ја доби од каталонскиот клуб, а германскиот стратег сега ја донесе конечната одлука.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона во летото 2024 година ги изненади сите со одлуката да го отпушти Чави Ернандез само неколку недели откако му дадоа поддршка, а потоа на негово место дојде Ханси Флик.

Се покажа дека тоа беше многу добар потег бидејќи Флик веќе во првата сезона на клупата на Барселона успеа да освои тројна титула во Шпанија.

Сепак, главната цел е Лигата на шампионите, која Барселона ја чека од 2015 година, но ни оваа сезона нема да дојдат до трофејот бидејќи во четвртфиналето беа поразени од Атлетико Мадрид.

Флик има договор до летото 2027 година, а клубот му понуди продолжување на соработката за уште една година. Тој не сака да потпишува повеќегодишен договор и на почетокот рече дека нема проблем секое лето да ја продолжува соработката за една сезона доколку клубот е задоволен од неговите резултати.

Изгледа дека Флик веќе одлучи што ќе направи и дека ќе го продолжи договорот со каталонскиот клуб.

Се појави информација дека Флик јасно му кажал на Жоан Лапорта дека останува и дека на крајот од сезоната ќе потпише договор до летото 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…