
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос, го напушта клубот поради сериозен конфликт со тренерот Алваро Арбелоа. Според достапните информации, нивната врска е толку нарушена што понатамошната соработка стана невозможна, а Себаљос веќе практично се простил од соиграчите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Капката што ја прелеа чашата беше непријатниот состанок во тренинг кампот Валдебебас минатиот четврток, кој го иницираше самиот Себаљос. По разговорот со Арбелоа, играчот од средниот ред се врати меѓу соиграчите и откри дека му побарал на тренерот да го изостави од тимот. Како причина наведе личен проблем, додавајќи дека повеќе не очекува повици за натпревари. „Го замолив Арбелоа веќе да не ми се обраќа“, наводно им рекол. Себаљос исто така нагласи дека не сака оваа ситуација негативно да влијае на остатокот од екипата кон која изрази почит.
Односите меѓу Себаљос и Арбелоа се нарушени веќе извесно време, и ова не е нивен прв конфликт. Себаљос не одигра ниту една минута откако во почетокот на април се врати по повреда. Последниот настап го имаше уште во февруари против Осасуна, кога неговата грешка доведе до пораз со 2:1. Потоа исчезна од комбинациите за составување на тимот.