Дома Фудбал Ништо од доаѓањето на Алварез во Барселона, но Каталонците веќе имаат две резервни опции

Ништо од доаѓањето на Алварез во Барселона, но Каталонците веќе имаат две резервни опции

Како што се приближува крајот на сезоната, сè е појасно дека Роберт Левандовски веројатно ќе ја напушти Барселона и ќе ја продолжи кариерата во Италија, каде што има понуди од Милан и Јувентус.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Но, и покрај тоа, веќе со месеци се зборува дека Барселона сака да донесе нов напаѓач и дека Левандовски, дури и ако остане во клубот, би бил резервна опција.

Веќе е добро познато дека првата желба на Барселона е Џулиан Алварез, но Каталонците немаат доволно пари за да го реализираат трансферот на аргентинскиот напаѓач.

Атлетико Мадрид за Алварез бара над 120 милиони евра, и иако Барселона се обиде сè да обезбеди за тој трансфер, јасно е дека чудо нема да се случи.

Меѓутоа, очигледно е дека во Барселона биле свесни за тоа како стојат работите, бидејќи на листата на можни засилувања кога станува збор за нападот имаат уште неколку имиња.

Шпанските медиуми наведуваат дека се издвојуваат двајца напаѓачи кои се многу пореални опции од Алварез.

Станува збор за уште еден напаѓач на Атлетико Мадрид, Александер Сорлот, чиј трансфер е сосема можен, бидејќи и самиот нема ништо против доаѓањето во Барселона, а јасно е дека неговата цена е многу помала.

Покрај Сорлот, на листата е и напаѓачот на Челси, Жоао Педро, кој минатото лето пристигна од Брајтон за 64 милиони евра, но очигледно не е невозможно тој да смени клуб само една година подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трамп: Во ред е репрезентацијата на Иран да игра на Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите изјави дека е “во р…