Дома Фудбал Модриќ сè поблиску до останување во Милан: Ако тоа не се случи, постои само уште една опција

Модриќ сè поблиску до останување во Милан: Ако тоа не се случи, постои само уште една опција

Италијанските медиуми пишуваат дека продолжувањето на договорот со Милан за Лука Модриќ е многу реална опција, а клубот е подготвен да ја активира клаузулата која на капитенот на Хрватска би му овозможила уште една сезона во црвено-црниот дрес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Модриќ се здоби со фрактура на јагодичната коска против Јувентус, со што ја заврши оваа сезона, но во Милан не сакаат таков крај да биде и неговото простување. Сосема спротивно – сакаат повторно да го видат на теренот, и тоа во Лигата на шампионите.

Голема улога во сето тоа има и односот со тренерот Масимилијано Алегри. Модриќ оваа сезона собра речиси 2800 минути, што е неговата најголема минутажа во последниве неколку години, а во соблекувалната има статус на вистински лидер.

Планот е јасен – да се почека Светското првенство и да се види во каква состојба ќе биде, а потоа да се донесе конечна одлука за продолжување на кариерата.

Во овој момент опциите практично се сведени на две: останување во Милан или завршување на кариерата. Враќање во Динамо или одлука за егзотични лиги засега не се во прв план.

Едно е сигурно – Модриќ не сака да ја заврши кариерата поради повреда, туку на теренот, пред полни трибини и – ако е можно – во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…