
Се шпекулира со многу имиња, а евидентно е дека по летото Алваро Арбелоа нема да седи на клупата на Кралскиот клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Последното име што се спомнува е Жозе Мурињо.
Шпанските медиуми пишуваат дека се работи на враќање на Мурињо на клупата на Реал, а Португалецот моментално го води тимот на Бенфика.
По неколку дена шпекулации, се огласи и самиот Жозе Мурињо.
Во изјава за шпанската “Марка” рече дека преговори со Реал немало.
“Никој од Реал Мадрид не разговараше со мене, тоа можам да го гарантирам,” рече Мурињо и додаде:
“Веќе поминав премногу години во фудбалот, исто како вас во новинарството, и веќе сме навикнати на тие работи, но од Реал Мадрид нема ништо.”
По оваа изјава на Мурињо сигурно дека ќе биде уште поинтересно околу изборот на нов тренер на Реал.