Дома Фудбал Останато Варан: Никаде не е како во Реал, таму навивачите не ви честитаат кога ќе ја освоите ЛШ

Варан: Никаде не е како во Реал, таму навивачите не ви честитаат кога ќе ја освоите ЛШ

Реал Мадрид е клуб со највисоки амбиции, а за тоа е свесен секој кој ќе се одлучи да го облече белиот дрес.

„Кралевите“ низ историјата ги навикнаа своите фанови на успеси, па понекогаш може да се случи и да се заборави каков успех прават фудбалерите. На таа тема зборуваше Рафаел Варан кој од Реал си замина минатото лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога сте во Реал навивачите не ви честитаат откако сте ја освоиле Лигата на шампионите. Знаат само да кажат „добра работа направивте, играјте сега за селдната…“ Така беше кога го освоив првиот трофеј, потоа подигнав четири. Некогаш добивав желба соодветно да се прослават таквите успеси“.

„Поради таквите ситуации Реал Мадрид е посебен клуб, менталитетот таму е поразличен од било кое друго место. Тоа е и една од причините поради која сакав да направам промена во кариерата“, изјави Варан.

Во Реал Мадрид Варан пристигна од Ленс и долго време го носеше дресот на Реал Мадрид пред да одлучи да се пресели во Премиер лигата во редовите на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…