Дома Трансфер зона Варан: Како може некој да биде несреќен во најголемиот клуб на светот?

Варан: Како може некој да биде несреќен во најголемиот клуб на светот?

Шпанските медиуми неколку дена шпекулираат дека Рафаел Варан по крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За гранцускиот дефанзивец веќе некое време се пишува дека ќе го напушти кралскиот клуб и дека на маса има понуди од Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Сепак, се чини дека враќањето на Зидан го променило неговото мислење, и заминување од Бернабеу нема да биде ништо.

Овој фудбалер сега изјави дека нема шанса да го напушти Реал Мадрид, бидејќи за него не е логично да го напуштиш најдобриот клуб на светот.

„Ова што се пишува дека сум несреќен во Реал Мадрид е лага. Играм за најголемиот клуб на светот и навистина нема логика да го напуштам. Ова беше тешка сезона за нас, но уште поголем предизвик ќе биде наредната. Горд сум што сум дел од овој клуб.“ – изјави Варан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…