Дома Фудбал Ништо од Чиле, Возиња има нов клуб во – Африка?

Ништо од Чиле, Возиња има нов клуб во – Африка?

Иако се шпекулираше дека Возиња може да ја продолжи кариерата во Коло Коло, трансферот сепак не се реализираше.

Според најновите информации, новиот клуб на голманот од Зеленортските Острови е – Беркан.

Станува збор за клуб од Мароко, кој во последен момент успеал да го привлече Возинја.

Да се потсетиме, Возиња практично веќе беше нов член на чилеанскиот великан, но во последните моменти дојде до несогласување и трансферот пропадна.

Тој ова лето стана слободен играч, откако му истече договорот со португалскиот второлигаш Чавес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчини повика 31 фудбалер: Нови лица во Италија за Франција и Белгија

Чисе, Лонтани и Касано се меѓу фудбалерите што чекаат деби за Италија. Палестра се враќа, …