Дома Фудбал Мурињо ја изненади ѕвездата на Реал: Залудно ќе останеш, нема да играш

Мурињо ја изненади ѕвездата на Реал: Залудно ќе останеш, нема да играш

Жозе Мурињо реши да ѝ се „закани“ на голема ѕвезда на Реал Мадрид, но таа сепак не планира да си замине.

Иднината на играчот за врска пак е една од главните теми во летниот преоден рок откако се појавија информации за неговиот разговор со тренерот Мурињо.

Според странските медиуми, португалскиот експерт решил да биде целосно отворен со францускиот репрезентативец и да му објасни каква улога му гледа во претстојната сезона.

Мурињо наводно му порача на Едуардо Камавинга дека не може да очекува голема минутажа и дека во овој момент не е во листата на играчи на кои ќе се потпира како на стандардни првотимци.

Таквиот разговор би можел да претставува пресвртница во кариерата на 23-годишниот играч за врска, особено затоа што последниве недели се почесто се спомнува можноста за негово заминување од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар платил казна на УЕФА од 250.000 евра

Од редовите на Вардар соопштија дека ја подмириле казната од 250.000 евра изречена од УЕФА…