Дома Фудбал Доживеа голема неправда на Мундијалот, а сега се сели во ПСЖ во трансфер вреден 60 милиони евра?!

Доживеа голема неправда на Мундијалот, а сега се сели во ПСЖ во трансфер вреден 60 милиони евра?!

Младиот белгиски фудбалер Мика Годтс би можел ова лето да направи еден од најголемите трансфери во неговата досегашна кариера.

Според информациите што ги објави Фабрицио Романо, Пари Сен-Жермен започна преговори со Ајакс за доведување на талентираниот крилен напаѓач.

Францускиот шампион сериозно ја разгледува можноста за ангажирање на 21-годишниот Белгиец, кого тренерот Луис Енрике го гледа како посакувано засилување за новата сезона.

Сепак, Ајакс нема намера лесно да го пушти еден од своите најталентирани играчи.

Извештаите од Холандија велат дека тимот од Амстердам за Годтс бара дури 60 милиони евра, што јасно покажува колку го цени неговиот квалитет и потенцијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврда: „Последниот танц“ на Лео Меси!

Лионел Меси последен пат ќе биде на списокот на националниот тим на Аргентина. Оваа вест д…