Дома Фудбал Репрезентации Варан: Зидан селектор? Зошто да не, тој е фантастичен тренер

Варан: Зидан селектор? Зошто да не, тој е фантастичен тренер

Францускиот дефанзивец од редовите на Реал Мадрид, Рафал Варан, смета дека неговиот клупски тренер, Зинедин Зидан би можел да биде и селектор на репрезентацијата на Франција.

Репрезентацијата на Франција вечерва го игра квалификацискиот натпревар против Бугарија за пласман во Светското првенство, а пред овој натпревар одличниот дефанзивец доби интересно прашање.

Зидан за селектор? Зошто да не? Покажа голем квалитет како тренер и беше одличен играч. Тој е фантастичен тренер, сигурно дека би бил добар избор. Зидан и Дешам имаат сличности, освоија многу, имаат големи кариери, но поседуваат и смиреност која е од исклучителна важност за големите натпревари“, изјави Варан.

Бугарија и Франција својот натпревар од групата „А“ го играат вечерва со почеток во 20:45 минути. Франција во овој момент има 17 бодови и се наоѓа пред Шведска која има 16, Холандија која има 13 и Бугарија која има 12 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фердинанд го советува Ливерпул: Треба да го вратите Стерлинг

Легендата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал, Рио Фердинанд изјави дека Ливерпул тр…