Дома Трансфер зона Валенсија има големи амбиции: Шпанците спремни да платат 50 милиони евра на ПСЖ

Валенсија има големи амбиции: Шпанците спремни да платат 50 милиони евра на ПСЖ

Шпанска Валенсија е спремна да вложи голема сума пред новата сезона во која ќе играат во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите кои доаѓаат од Шпанија, поточно од „RadioEsport“, Валенсија ќе се обиде со понуда од 50 милиони евра да ги откупи правата на младиот Португалец, Гонзало Гуедеш.

Гудеш кој претходната сезона ја помина во Валенсија како позајмен играч остави добар впечаток и покрај не така добрите настапи за Португалија на Светското првенство во Русија.

Гуедеш претходно се поврзуваше со Арсенал и Манчестер Јунајтед, но изгледа дека и самиот фудбалер сака да го продолжи својот престој во Валенсија.
Останува да се види одговорот од ПСЖ на ваквата понуда, но очекувањата се шпанскиот клуб од Париз да добие позитивен одговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…