Дома Фудбал Валверде се поздрави со играчите и се прости со емотивна порака

Валверде се поздрави со играчите и се прости со емотивна порака

Раководството на Барселона одлучи да му врачи отказ на тренерот Ернесто Валверде и за нов кормилар го назначи Кике Сетиен.

По лошиот настап на Барселона во Супер купот на Саудиска Арабија, челниците на клубот решија да му се заблагодарат на Валверде, кој го водеше клубот во изминатите две и пол години.

„Мундо Депортиво“ утрово објави дека Валверде пристигнал го тренинг кампот за да се поздрави со играчит и да им се заблагодари за соработката, а потоа се прости со емотивна порака.

„Моето време во Барселона дојде до крајот.Ова беа две и пол интензивни години во кои уживав во моментите, славејќи ги победите и трофеите. Исто така во овој период имаше и многу потешкотии.  Сакам да им се заблагодарам на претседателот Жозеп Мариа Бартомеу, одборот на директори кои ми дадоја шанса да го водам првиот тим на Барселона. Сакам да се заблагодарам и на луѓето со кои работев во клубот и како тие се однесуваа со мене овие две и пол години. Секако сакам да се заблагодарам и на играчите за нивните напори кои ги вложуваа да освоиме титули заедно. Им ја посакувам најголемата среќа на светот, нив и на тренерот Кике Сетиен. Се најдобро на сите. Виска Барса“, изјави Ернесто Валверде.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фото: Реал Мадрид со минута молк на тренингот во чест на Коби

Светот и денес се уште е во шок од трагичната смрт на големата не само кошаркарска туку и …