Дома Фудбал Валверде: Кутињо? Големите играчи брзо се вклопуваат

Валверде: Кутињо? Големите играчи брзо се вклопуваат

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде истакна дека очекува многу од доаѓањето на Филипе Кутињо на „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот вчера беше претставен како големо засиливање, а пристигна од Ливерпул за 160 милиони евра.

„Се надеваме дека Кутињо ќе ни донесе многу. Тој е играч кој постигнува голови, асистира и игра добро како на крило така и во средниот ред. Мислам дека многу ќе ни помогне, бидејќи е светска класа. Тука сме да му помогнеме, а и тој на нас бидејќи неговиот успех ќе биде и наш“, истакна Валверде.

„Може да би донесе многу нови работи, особено во нападот, мораме да ја искористиме неговата разноврсност. Долго време го следевме, но да почекаме да го видиме на тренинг. Гледав многу натпревари на Ливерпул и Бразил. Се надевам дека брзо ќе се вклопи, големите играчи брзо се вклопуваат“, заклучи Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема размена во НБА: Ламело Бол има нов клуб!

Најсилната кошаркарска лига на светот ја потресе значајна вест за трансфер. Еден од најдин…