Дома Фудбал Валверде во понеделник добива отказ?

Валверде во понеделник добива отказ?

Барселона синоќа беше поразена во полуфиналето на Суперкупот, по спектакуларниот пресврт на Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот од Мадрид славеше со 3:2, иако само десет минути пред крајот на натпреварот губеа со 2-1. Но, Атлетико ги искористи двете големи грешки што ги направија играчите на Барселона и успеа да стигне до финалето со головите на Мората и Коре.

Овој пораз ја наруси атмосферата во Барселона, а тоа најдобро се виде на Лео Меси, кој замина разочаран во соблекувалната.После натпреварот на голем удар се најде Ернесто Валверде, кој доживеа уште еден шокантен пораз како тренер на Барса.

Поразите од Рома и Ливерпул во Лигата на шампионите беа простени и од челниците на клубот му беше дадена поддршка, но се чини дека работите се променети. Скај Спорт известува дека Валверде би можел да биде отпуштен уште во понеделник.

Наводно, тој ја загубил поддршката кај поголемиот дел од управата, а за понеделник е закажан состанок, каде Валверде ќе биде главна тема. Многумина веруваат дека Валверде ја заврши својата епизода во Барселона и овој пат нема да му се прогледа низ прсти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бројките велат, Нејмар е и тоа како важен за Бразил!

По подолго време, Нејмар се врати на теренот играјќи за бразилската репрезентација и ведна…