Дома Фудбал Важна средба помеѓу Анчелоти и Перез, се планира следната сезона

Важна средба помеѓу Анчелоти и Перез, се планира следната сезона


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓



Иако долго се шпекулираше со неговата иднина, сепак Анчелоти сигурно ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона.

Анчелоти оваа сезона не успеа да ги одбрани титулите во Примера и Лигата на шампиони, но го освои Купот и сите во клубот се задоволни од неговата работа.

Анчелоти има поддршка од претседателот на клубот, Флорентино Перез, а веќе бил договорен и состанок меѓу нив.

Состанокот ќе се одржи следната недела и ќе бидат поставени целите за следната сезона, но притоа Перез сака да дознае кои се барањата на Анчелоти.

Примарна цел секако ќе биде доведување на врвен напаѓач, а на списокот се Хари Кејн, Влаховиќ, Осимен и Коло Муаини.

Во екипата треба да пристигне и Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, а Анчелоти сака да се засилат и бековските позиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Загреб добива ултра модерен стадион 🎥

Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓ Гр…