Дома Фудбал Италија Буфон: Ова е најголемата грешка во мојата кариера!

Буфон: Ова е најголемата грешка во мојата кариера!

Легендарниот италијански голман Џиџи Буфон е еден од најдобрите во историјата на фудбалот, но синоќа против Шпанија направи огромен кикс и им „подари“ водство на Шпанците.

За негова среќа Де Роси го израмни резултатот и Италијанците останаа непоразени, но Буфон признава дека ова е една од најголемите грешки во неговата кариера.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Имав премногу идеи во мојата глава, тоа е тоа што ме изневери во дадениот момент. Најпрво мислев да подавам, а потоа сфатив дека Витоло е многу близу и се случи тоа што се случи“, објасни Буфон по натпреварот.

„Си одам тажен поради грешката, но среќен сум поради резултатот кој го остваривме. Ова е една од моите најголеми грешки во кариерата, но добро е што истите не се случуваат многу често. Од ваквите грешки секогаш се учи“, додаде легендарниот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …