Германскиот голман Мануел Ноер на крајот на наредната сезона би можел да го напушти Баерн како слободен играч.
Ноер со Баерн има договор до летото 2021 година, но преговорите за новиот договор траат веќе подолго време. Искусниот 33 годишен голман никако не успева да пронајде заеднички јазик со управата на клубот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реномираниот „Билд“ објави дека управата на Баерн одржала состанок со агентот на Ноер, но дека истиот траел само четири минути. На состанокот присуствувал и Хасан Салихимиџиќ кој е задолжен за договорите на играчите.
После само четири минути агентот на Ноер ги напуштиил просториите на клубот. „Билд“ пишува дека тој бил лут од понудата која му ја доставил Салихамиџиќ и воопшто не сакал да го продолжи разговорот.
Ова сигурно ќе ја искомплицира ситуацијата околу новиот договор, останува да видиме дали на крајот двете страни ќе пронајдат заеднички јазик.