Дома Фудбал Англија „Бум“ на Островот: Најави ли сопругата на Чави со оваа фотографија дека тој е новиот тренер на Јунајтед?! 📸

„Бум“ на Островот: Најави ли сопругата на Чави со оваа фотографија дека тој е новиот тренер на Јунајтед?! 📸

Денеска Ерик тен Хаг конечно беше сменет од функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед и сега главното прашање во Англија е кој ќе го наследи и ќе седне на „жешката“ клупа на гигантот од „Олд Трафорд“.

Руд Ван Нистелој, досегашниот асистент на Тен Хаг, ќе ја преземе улогата на вршител на должноста тренер на првиот тим додека не се најде конечно решение, а Томаш Франк од Брентфорд, Рубен Аморим од Спортинг, Един Терзиќ и Чави Хернандез се некои од имињата кои фигурираат да добијат постојана работа во Јунајтед.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Меѓутоа по отказот на Тен Хаг големо внимание привлече фотографијата која ја објави сопругата на Чави во текот на вчерашниот ден.

Имено, таа објави фотографија од Чави на која до него е неговиот син и тоа во дрес на Манчестер Јунајтед. Останува во наредните денови да видиме дали се работи за случајност или ова е некаква најава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…