Дома Фудбал Англија Бројките не лажат: Го гледаме најлошиот Манчестер Јунајтед во историјата!

Бројките не лажат: Го гледаме најлошиот Манчестер Јунајтед во историјата!

Манчестер Јунајтед вчера приреди уште едно разочарување за своите навивачи со поразот од Кристал Палас со 4:0 во рамките од 35. коло во англиската Премиер лига.

Вчерашниот дебакл беше 13. неуспех за избраниците на Ерик Тен Хаг сезонава и на „црвените ѓаволи“ за првпат им се случува во историјата да бидат поразени на 13 натпревари во една сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Токму затоа англиските медиуми го опишуваат како најлошиот Манчестер Јунајтед во историјата. Покрај тоа Јунајтед за првпат прими 81 гол во една сезона по 1976/1977. Со оглед како играат до крајот на сезоната, а има уште три натпревари веројатно бројката ќе биде и полоша.

На табелата тимот се наоѓа на осмата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн го обнови интересот кон Нкунку

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските ме…