
Дали ФИФА има план да фрли „нуклеарна бомба“ врз фудбалот, како што наведоа во британскиот Тајмс? Како што е истакнато, ФИФА предводена од Џани Инфантино планира да продаде малцински дел од Светското првенство на приватни инвеститори.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Парите одамна се веќе во срцето на фудбалот и во тоа нема дилема, но оваа вест ја потресе светската јавност до некои нови граници.
Поради тоа, се очекува реакција од европските фудбалски федерации.
Како што пренесува британскиот „Скај”, европските репрезентации размислуваат за бојкот на Светското првенство ако Џани Инфантино ги спроведе своите планови за продажба на уделот на Светското првенство.
Во текот на оваа недела, членките на УЕФА ќе одржат виртуелна средба по која ќе биде појасно нивното решение, но изгледа дека се прилично решителни во намерата да го зачуваат Светското првенство…