
Најпознатиот навивач на Манчестер Јунајтед, Френк Илет, несомнено со нетрпение го очекува почетокот на новата сезона.
Ова момче познато на социјалните мрежи како “The United Strand”, стана вирален откако вети дека нема да ја пострижe косата додека Јунајтед не победи пет натпревари по ред.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Предизвикот го започна во октомври 2024 година, а денес е 656-от ден од кога не стапнал во фризерски салон.
Со оглед на тоа дека нема да ја скрати косата пред септември, Илет мораше да најде некое решение за својата голема кадрава коса, и тоа го стори на 8 јули.
Илет во Шпанија ја сплете косата во плетенки, а потоа патуваше во Соединетите Американски Држави на Светското првенство.
Пред финалето на Светското првенство реши да го промени својот изглед повторно.
Откако ги проследи натпреварите на своја Англија, пред финалето одлучи да ги отстрани плетенките бидејќи почнаа сами да се отплетуваат.