Дома Македонски спорт Брестовац: Со Костески може да добиеме крило во наредните 10 години

Брестовац: Со Костески може да добиеме крило во наредните 10 години

Репрезентацијата на Македонија после двата порази против Шведска и Египет успеа да го победи Чиле и така се пласиравме во вториот круг од Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во вториот круг Македонија првиот натпревар ќе го игра утре, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Словенија.

„Дуелот со Чиле не може да се споредува со претходните два, во овој натпревар видовме нешто ново. Да бидам искрен, не се сомневав дека ќе го победиме Чиле. Ме исплаши тимската реакција од првите два натпревари, но во овој трет натпревар одигравме навистина добро. Кога се ќе собереме тоа беше една тимска победа, секој го даде максимумот. Презадоволен сум од некои играчи, гледам и јавноста почна да им верува. Тука е приморот со Костески со него можеме да добиеме крило во нареднисте 10 години“.

„Дуелот со Чиле може да биде позитивен знак и да направиме чекор напред, па во следните три натпревари може да влеземе порастеретено заота што ја остваривме нашата цел. Ќе се обидеме да се наметнеме со некој квалитет, борбеност и дисциплина за да покажеме нешто што не го покажавме претходно“, изјави Брестовац.

Македонија втората фаза ќе ја започне утре со натпреварот против Словенија од 15:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Убава вест за Вардар: Го задржа еден од најважните луѓе во стручниот штаб!

Ракометниот клуб РК Вардар денеска потврди дека соработката со тренерот на голманите Марио…