Дома Фудбал Барселона ја одбила понудата од ПСЖ за Торес

Барселона ја одбила понудата од ПСЖ за Торес

Барселона ја одбила првичната понуда од ПСЖ, вредна 40 милиони евра, за напаѓачот Феран Торес, светскиот шампион со Шпанија, известува агенцијата Франс Прес повикувајќи се на извор од каталонскиот клуб. “Преговорите се во тек” меѓу Барселона и ПСЖ, потврдил изворот, поддржувајќи ги написите на весникот “Мундо Депортиво”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според неколку шпански медиуми, Феран Торес, кој го постигна победничкиот гол во финалето на Светското првенство, се согласил да се пресели во Париз и повторно да соработува со поранешниот селектор на репрезентацијата, Луис Енрике.

Овој 26-годишен шпански напаѓач, кој е врзан со договор со Барселона до јуни 2027 година, во неодамнешни интервјуа за време на промотивната турнеја во САД остана воздржан во изјавите за својата иднина.

“Имам договор со Барселона, но во фудбалот ништо не е сигурно. Чекам да дојде моментот кога ќе ја донесам вистинската одлука”, изјавил тој. На прашањето дали има дестинација од соништата на ум, Торес потврдил, но не открил за која станува збор: “Само сакам да бидам среќен”, рекол.

Свестраниот крилен играч, кој пристигна во 2021 година за повеќе од 55 милиони евра, играше како централниот напаѓач во замена за Полјакот Роберт Левандовски откако Ханзи Флик ја презеде Барселона во летото 2024 година.

Тој потекнува од академијата на Валенсија, а во последните две сезони постигна 40 голови во 94 натпревари во сите конкуренции за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трамп: Отстранувањето на Инфантино би било огромна грешка за Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп излезе во поддршка на лидерот на ФИФА, Џани Инфанти…