Дома Македонски спорт Мак фудбал Брегалница ќе игра пријателски натпревар против поранешниот европски шампион

Брегалница ќе игра пријателски натпревар против поранешниот европски шампион

Во рамките на подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница ќе одигра пријателски натпревар со еден од најдобрите клубови во југоисточна Европа, поранешниот европски шампион Стеауа од Букурешт.

„Сините“, на своја голема чест и задоволство, добија покана од актуелниот романски вицешампион да одиграат пријателски дуел, и истата веднаш е прифатена со договор натпреварот да се одигра на 18. јули во Банско, Бугарија.

Стеауа, кој во последните две години функционира под името ФЦСБ, во својата повеќе од богата историја има дури 26 шампионски титули во Романија, што го издвојува без конкуренција како најтрофеен клуб во својата земја. Зад името на Стеауа се запиша и 24 титули во Купот на Романија, како и шест трофеи во Суперкупот на оваа земја.

Европската шампионска титула за Стеауа е запишана во сезоната 1985/86, а во сезоната 1988/89 стигнаа и до финалето на Купот на европските шампиони. Во 1986 година го освоија и европскиот Суперкуп.

Брегалница претходно ќе одигра пријателски дуел и со Работнички на 9. јули во Штип, како и со српскиот прволигаш Трајал од Крушевац на 14. јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија во четвртиот барабан: Патот до ЕП 2024 може да биде екстремно тежок!

Македонската фудбалска репрезентација ждрепката за квалификациите за Европското првенство …