Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Бразил си оди дома: Хрватска е во полуфинале! 🎥

Бразил си оди дома: Хрватска е во полуфинале! 🎥


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Не може поинаку кога игра Хрватска, повторно гледавме драма, продолженија и пенали.

Бразил доминираше од почетокот до крајот на натпреварот, се редеа шанси пред голот на Доминик Ливаковиќ кој веројатно покрај оној пенал рулет со Јапонија го играше мечот на кариерата.

Како бранеше Ливаковиќ доволно зборува податокот дека со осум одбрани беше хрватски голман кој имал најмногу одбрани на еден натпревар на Светско првенство.

По 90 минути игра Хрватска не упати ниту еден удар во рамките од голот на Алисон. И со таква игра во продолженијата можеа да дојдат први до предност. Бруно Петковиќ во една контра издрибла двајца Бразилци, додаде до Брозовиќ кој од одлична позиција лошо шутираше.

Казната стигна само неколку минути подоцна кога Нејмар, по една типична бразилска акција со Пакета го помина Ливаковиќ и ја смести топката во мрежата за 1:0. Тогаш Хрватска од целосна дефанзива мораше да почне да напаѓа.

Имаа среќа да го искористат втората сериозна прилика после онаа на Брозовиќ. Стрелец на голот беше Бруно Петковиќ во 117. минута.

Во првата серија Власиќ погоди, а Родриго промаши. Повторно блесна Ливаковиќ со уште еден одлично одбранет пенал. Втор за Хрватска реализираше Ловро Мајер, Касемиро беше прецизен за Бразил. Лука Модриќ не погреши и го матираше Алисон за 3:1, Педро намали на 3:2.

Асистентот за голот на Петковиќ, Орсиќ одлично го изведе пеналот за 4:2. Маркињос со огромен притисок на грбот застана на белата точка и ја погоди стативата за полуфинале на Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Медиумите тврдат: Месум Озил заврши со фудбалот

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Поранешниот германск…